Столе Димитриевски на 90 минути до историски рекорд во националниот дрес

778

Македонската фудбалска репрезентација запиша нова победа во групната фаза во Ц Лигата на Нации. На домашен терен нашите момци ја совладаа Летонија со минимални 1-0 (стрелец на голот беше Никола Серафимов) и го потврдија лидерското место, а со тоа и пласманот во Б Дивизијата.

И на оваа средба мрежата на Столе Димитриевски мируваше. Ова е четвртти меч без примен гол за нашиот репрезентативен голман или вкупно 441-минута. По вчерашната средба тој го поправи сопствениот рекорд, а доколку во неделата против Фарски Острови не прими гол, тој ќе стане апсолутен рекордер во историјата на македонската репрезентација. Ова значи дека Столе го делат нови 90 минути од ова големо остварување или 531 минута без примен гол.

Македонија во групата 4 има четири победи и едно реми, односно 13 бода, седум повеќе од Фарски Острови.

ПретходноНова моќна партија на Лука Дончиќ, но пораз за Далас (ВИДЕО)
СледноВо Америка го исмеваат Дончиќ: Кого чуваш легендо? (ВИДЕО)