Трајковски: Посакуваме поголема поддршка против Фарски – го заслужуваме тоа!

75

Македонската фудбалска репрезентација го потврди лидерското место во својата група во Ц Лигата на Нации. Нашите момци на домашен терен ја совладаа Летонија со 1-0 со голот на Никола Серафимов во рамките на претпоследното коло. Целта е исполнета – заверен е пласманот во Б Дивизија, а печат ќе стават против Фарски Острови во недела. За оваа средба, еден од најискусните во нашите редови, Александар Трајковски ги повика фановите да дојдат во што поголем број.

„Три бода се три бода. Задоволен сум за победата, го дадовме максумит. Знаевме дека ќе биде тешко, се подготвувавме за ваков вид на натпревар. Дали можевме да славиме со поголема разлика, веројатно – да бидејќи имавме многу шанси. Се надевам дека в недела ќе бидеме попрецизни и ќе оствариме подобар резултат. Задоволен сум од прикажаното и секоја чест на гостите, но и за сите момци. 

Се надевам дека ќе имаме поголема поддршка в недела од трибините. Мислам дека со резултатите го заслуживме тоа“, изјави Трајковски.

ПретходноКога фудбалот зближува, сѐ е можно – Придобивките на играње фудбал од мали нозе
СледноПарите веќе не се проблем: Барса на лето ќе донесе двајца спектакуларни фудбалери