Хаос на последното соочување: Тајсон му удри силна шлаканица на Пол (ВИДЕО)

212

Синоќа беше финалното соочување во Далас помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол пред нивниот долгоочекуван боксерски меч кој е на дневен ред денеска.

Откако Тајсон се измери (тежеше 105 килограми) му пријде на Пол (99 кг, што е негов личен рекорд) за последната фотографија пред мечот. Очекувано, Тајсон не дозволи да биде изненаден, па му удри навистина силна шлаканица на својот противник.

Сепак, Пол продолжи да го провоцира Тајсон после сè, обидувајќи се да го прикаже неговиот шамар како многу слаб.

Според ESPN, Тајсон го удрил Пол затоа што му згазнал на ногата за време на нивното соочување.

Пол не е познат по јасни изјави, а после се и извикуваше на насобраната публика:

„Ова сега е лично. Тој мора да умре“, рече Пол.

Дали е поканет на убиство или мисли дека ќе биде „претепан до смрт“ останува да видиме.

Тајсон е сепак Тајсон, а Јутјуберот би можел да заврши со неколку многу посилни и посилни удари од ова.

ПретходноВо Америка го исмеваат Дончиќ: Кого чуваш легендо? (ВИДЕО)
СледноПораз за Аргентина во квалификациите за СП: Парагвај постигна одличен гол со ножички (ВИДЕО)