Димитријевиќ отпадна за Скопје: Се надевам дека ќе бидам во составот за вториот дуел со Литванија

220

Ненад Димитријевиќ нема да биде во можност да му помогне на националниот тим во првиот дуел против Литванија кој се игра на 21. ноември затоа што има клупски оврски односно има настап во Евролигата.

На првиот меч нема да можам да настапам затоа што се среќаваме со Макаби во Евролигата и нема да можам да стигнам.Се надевам дека ќе стигнам на вториот дуел три дена подоцна. Верувам дека ќе бидеме сеуште во игра, затоа што таа победа ни е многу важна. Би сакал да ги задржиме шансите за настап на Европското првенство“ – изјави Димитријевиќ за Спортклуб. Со истиот проблем како и Димитријевиќ се соочува и Ти Џеј Шортс кој исто така има обврски во Евролигата тој ден.

Вториот меч против Литванија го играме на 24 ноември во градот Клаипеда. Македонија досега во овие квалификации има една победа и еден пораз.

 

ПретходноГерманец на центарот против Фарски в недела
СледноИтудис е нов тренер на Хапоел Тел Авив