Во еден од најинтересните вечерашни дуели од 5. коло во Лигата на нации, во Цирих се сретнаа Швајцарија и Србија и мечот заврши без победник 1:1. Резултатот повеќе им одговараше на гостите, кои поради поразот на Данска од Шпанија со 2:1, сега во последната рунда ќе имаат шанса во директната пресметка со Данците да се борат и за пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.
Откако Митровиќ промаши пенал во 55’, домашните преку Амбуди во 78’ поведоа со 1:0. Голем бод за гостите обезбеди Терзиќ во 88’ израмнувајќи на 1:1.
Во Копенхаген Шпанија со 2:1 како гостин ја совлада Данска. Головите за Шпанците ги постигнаа Ојарзабал и Перез, додека за Данска погоди Исаксен.
Во А-сегментот Шкотска ја изненади и победи Хрватска со 1:0 со голот на МекЏин во 86’, додека Португалија ја посрами Полска победувајќи ја со 5:1. Два гола постигна Роналдо, а по еден Нето, Бруно Фернандеш и Леао.
Во рамките на Ц-сегментот, Бугарија со голот на Краев победи кај Луксембург со 0:1, додека Северна Ирска со 2:0 беше подобра од Белорусија.