Парите веќе не се проблем: Барса на лето ќе донесе двајца спектакуларни фудбалери

501

Со потпишување спонзорски договор со Најк, Барселона конечно ги реши финансиските проблеми кои го мачат каталонскиот клуб веќе неколку години, а следното лето со голем стил ќе се вратат на сцената кога се во прашање трансферите. Ханси Флик веќе има неколку желби, а познато е кои двајца играчи ќе бидат меѓу приоритетите.

Шпанските медиуми велат дека Барселона нема да биде премногу активна во јануарскиот преоден рок и дека Жоан Лапорта и друштвото подготвуваат вистински спектакл за следното лето.

Барселона веќе има план да донесе неколку спектакуларни засилувања следното лето, а Мундо Депортиво објави кој е на врвот на листата на желби на Ханси Флик.

Германскиот стручњак сака да го засили нападот кој изгледа одлично оваа сезона, но Германецот смета дека треба да се засилат крилните позиции и знае кои играчи би биле вистинските решенија.

И Фабрицио Романо најави дека првите желби на Барселона следното лето ќе бидат Нико Вилијамс и Рафаел Леао и дека парите нема да бидат проблем Барса да ги донесе двајцата следното лето.

Вилијамс беше блиску до Барса и минатото лето, но реши да остане во Билбао уште една сезона. Сепак, желбата да заигра за Каталонците е голема, исто како и кај Леао, кој му порача на својот агент да направи се за од следната сезона да биде член на Барселона.

Фабрицио Романо најави дека Деко веќе имал дополнителни разговори со овие играчи за да види дали се заинтересирани да дојдат во Барселона следното лето и е воодушевен од информацијата што ја добил.

Иако Флик на тие позиции ги има Ламине Јамал и Рафиња, јасно е дека му требаат уште некои решенија. Вилијамс би бил искористен на позицијата лево крило бидејќи Рафиња покажа дека може добро да се снајде и во средниот ред.

Кога станува збор за Леао, тој може да игра и во топ напаѓач, каде моментално е Роберт Левандовски, но секако може да ги покрие и крилните позиции.

Тоа значи дека ќе има заминувања од Барселона, а веќе се шпекулира дека клубот сигурно ќе го напуштат Торес и Фати.

ПретходноТрајковски: Посакуваме поголема поддршка против Фарски – го заслужуваме тоа!
СледноФондацијата ЕДУКАТА ќе стипендира нови десет студенти