Антонио Санабрија постигна извонреден гол со ножички, а Алдерте погоди со глава во пресвртот на Парагвај за победа над Аргентина од 2-1 во квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка. Стрелец на единствениот гол за поразениот тим беше Лаутаро Мартинез во 11. минута. Тој беше препознаен дури по прегледувањето на снимката.
Es una maravilla el gol de Sanabria. Excelente pirueta para el 1-1 de Paraguay 🇵🇾 ante Argentina 🇦🇷. pic.twitter.com/NuyMa2v4EB
— VarskySports (@VarskySports) November 14, 2024
Во вториот натпревар на денот, Еквадор го искористи раниот црвен картон на Боливија и победи со 4:0. Стрелци беа Енер Валенсија (26. минута, пенал), Гонзало Плата (28. 49.) и Алан Минда (61.).