Реал со специјален дрес посветен на Лука Модриќ и неговите 550 меча за клубот

126

Легендата на светскиот и хрватски фудбал, Лука Модриќ неодамна, на мечот против Милан во Лигата на Шампионите го одигра неверојатниот 550 меч во дресот не Реал Мадрид.

Модриќ е веќе во Мадрид 12 години и е најтрофејниот играч на најголемиот клуб на светот. Играчот за врска има освоено 27 трофеји, што го прави број еден кога станува збор за оваа катеогорија.

По тој повод, клубот реши да направи специјален дрес на кој сите симболи ќе бидат посветени на Модриќ.

Најпрво наместо спонзорот на клубот на средина од дресот пипува „Лука“, каде што е местото на клубскиот амблем стои златна „М“ буква додека пак наместо логото на спортскиот бренд стои „C“ што означува капитен.

 

ПретходноДориан Бабунски се врати со два гола по три месеци пауза (ВИДЕО)
СледноБајчетиќ: Јас се чувствувам како шпанец