Олгун се одјави од Шкупи, новите газди доаѓаат од Германија

2055

Претседателот на ФК Шкупи, Олгун Ајдин и официјално замина од Чаир. Тој вчера имал средба со сите вработени во клубот на која им го најавил своето заминување.

Според информациите кои кружат во фудбалските кругови, нови сопственици на ФК Шкупи ќе бидат Германци. Засега нема детали, но наскоро треба да се знаат и поединости околу преземањето на чаирскиот состав.

Ајдин го го презема Шкупи во 2018 година и во првата сезона обезбеди излезот во Европа, а потоа им донесе и една шампионска титула на чаирчани.

ПретходноЧаир со една нога во осминафиналето на Евро Купот
СледноБањаја победи на спринтот, утре се решава шампионот во МОТО ГП