Јутјуберот Џејк Пол го победи Мајк Тајсон по одлука судиите после осум рунди. Настанот се одржа на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас. Имаше седум борби, а кулминацијата беше меѓу Тајсон и Пол која донесе пораз на легендата.
Во текот на целиот меч Пол беше подобар, имаше неколку пати повеќе удари од Тајсон и јасно ја покажа разликата во годините меѓу двајцата боксери. Тајсон дури и добро се држеше во првите две рунди, но од третата рунда, беше очигледно дека му е сè потешко да го следи ритамот на борбата. Во седмата рунда повторно покажа дека можеби ќе може да го изненади Пол, но на крајот не дојде до тоа. Пол лесно ја доведе борбата до крај (80:72, 79:73, 79:73).
Jake Paul bows to Mike Tyson at the end of the match. #PaulTyson pic.twitter.com/FUQGZVyADQ
— Netflix (@netflix) November 16, 2024
Увертирата на мечот кој со нетрпение се очекуваше беше жесток. Тајсон и Пол вербално се навредуваа, а кулминацијата беше вчера на мерењето која Тајсон му удри шлаканица на Пол.
По победата над Тајсон, Пол буквално му се поклони на еден од најголемите боксери во историјата и со тоа предизвика ентузијазам кај гледачите на мечот. Тајсон ја прифати оваа почит од противникот и го прегрна.
„Најпрво Мајк Тајсон… Таква чест… Браќа, да ве слушнам како се поздравувате со Мајк! Тој е најдобриот што некогаш го направил ова. Тој е ГОАТ. Гледам кон него, тој ме инспирира и не би бил овде денес да не беше тој. Овој човек е икона и чест е да се бориш со него. Тој е очигледно најтешкиот и најопасниот човек на планетата. Беше тешко колку што очекував да биде“, изјави Пол.
Jake Paul showing his respect to Mike 🙌 #PaulTyson pic.twitter.com/QT7HamKx2J
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 16, 2024