Последен тренинг за нов јуриш против Фарски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

122

Македонската репрезентација утре со почеток од 14:00 часот го игра последниот дуел од овогодинешната Лига на Нации. На Арената Тодор Проески го пречекуваме националниот тим на Фарски Острови, кој што ни е должник токму од оваа кампања.

На дебито, на гостински терен киксираме токму против овој ривал, за да потоа започнеме победничка серија која што сеуште трае.

Нашиот тим денеска тренираше на Арената, ја одржа официјалната сесија, и се е подготвено за нов наш триумф. Одиме овојпат без Елиф Елмас кој се повреди против Летонија, но и без „Дијамантот“ нашиот состав порачува. Целта е победа и освојување на 16 бодови во оваа кампања.

 

ПретходноВо „Градски парк“ работите тргнаа од „мртва точка“ – започна реконтрукцијата!
СледноЅвездата на Баерн нема никаков договор со Реал