Тајсон и покрај поразот кажа дека е среќен и објасни зошто!

787
Фото: Нетфликс/Твитер

Враќањето на Мајк Тајсон во рингот речиси 20 години по неговата последна професионална борба помина онака како што се очекуваше за 58-годишникот, без разлика колку некогаш бил добар, триесет и една година помладиот Џејк Пол целосно доминираше во борбата и победи со убедлива едногласна одлука.

Тајсон добро се држеше две рунди, но од третата па натаму само преживуваше во рингот и сепак остана на нозе, иако не можеше да се надева на победа. Тој видно слабо се движеше, за што придонесоа и проблемите со коленото околу кое носи заштита. Го прашаа дали токму коленото му правеше проблеми.

„Да, но не можам да го користам тоа како изговор“, рече Мајк, кој не беше незадоволен и покрај поразот. „Среќен сум. Дојдов да се борам. На никого не му се докажував освен на себе. Не сум од оние кои живеат да му угодат на светот, само работам тоа што можам“.

Тој беше запрашан дали би сакал повторно да се бори со Џејк Пол, а Тајсон не ја отфрли можноста, па дури спомна друга, која веднаш повторно го разгоре пламенот.

“Не знам, зависи од ситуацијата. Можеби со неговиот брат”, рече Тајсон, а таканаречениот брат Логан Пол, исто така поранешен Јутјубер кој се сврте кон боксот, застана на чекор од него и одговорил: “Јас ќе те убијам, Мајк“.

Разочарувачка борба, од која многумина си заминаа уште пред крајот, а преостанатите гласно се жалеа, дури и кога најавувачот го прогласи победникот и ја откри убедливоста на судискиот резултат – 80:72, 79:73, 79:73.

ПретходноДенвер без Јокиќ е друг тим, Кливленд продолжува да гази – стигна до 14-0 (ВИДЕО)
СледноКолумбија израмни во 96-та, Уругвај славеше со голот на Угарте во 101-та минута (ВИДЕО)