Хофенхајм има нов тренер

48

Австрискиот фудбалски стручњан, Кристијан Илцер е нов тренер на екипата на Хофенхајм. Клубот официјално го претатсви австриецот кој последните четири години беше на чело на тимот на Штурм од Грац.

Тој мината година со Штурм беше шампион на Австрија, прекинувајќи ја серијата од десет титули на Ред Бул.

Хофенхајм остана без тренер откако беше отпуштен американецот Пелегрин Матарац, поради очајните резултати, односно 15. место по 10 одиграни кола.

Илцер ќе дебитира на клупата на новиот клуб интересно против Ред Бул но овојпат Лајпциг во 11. коло од Бундес лигата на 23 ноември.

ПретходноТајсон и Пол не воодушевија ама добро заработија!
СледноДе ла Фуенте: Имаме четворица добри играчи на секоја позиција