Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс е прогласен за МВП на последното коло во Евролигата.
Шортс и неговиот тим обезбедија убав триумф на гости кај Барселона со 87-103, а плејмејкерот ја подели престижната награда заедно со Тео Маледон од Асвел.
Шортс натпреварот против Барселона го заврши со 24 поени, девет асистенции, еден скок и три украдени топки, а оваа награда ја освојува по втор пат сезонава.
Тој се наоѓа во одлична форма, што го покажуваат и бројките во моментов кои ги постигнува, и секако дека во моментот кога ќе и се приклучи на репрезентацијата на Македонија, истиот ќе биде од огромно значење.