Јана Атанасовска испиша историја во Леви!

121

На само 18 години, Јана Атанасовска испиша историја како прва Македонка која што се натпреваруваше во алпско скијање на ФИС Светски скијачки куп во Леви, Финска. Јана настапи во дисциплината слалом.

Нашата голема надеж не ја заврши трката. На првата станица Јана доцнеше 96 стотинки, додека на втората 2.39, на последната станица таа не успеа да помине, бидејќи падна.

Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана, туку и за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации.

За Јана ова ќе биде големо искуство во иднина, ова е само почеток.

Леви е првата слаломска трка во сезоната на ФИС Светски куп во алпско скијање и означува официјално отворање на натпреварите.

По првата трка водечка е најдобрата алпска скијачка во историјата Микаела Шифрин, пред Германката Лена Дир и хрватската скијачка Зринка Љутиќ.

ПретходноШкупи не тренира, штрајк, беспарица и „угасено светло“…. што се случува на Чаир!?
СледноМилевски: Нема застанување, одиме на победа и освојување на 16 бода