Американецот со македонски пасош по новата ѕверска партија: Ми дозволија да бидам вистинскиот јас!

152

Париз под водство на Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс дојде до важна гостинска победа во Евролига. Францускиот тим славеше кај Барселона со убедливи 87-103 и дојде до седмата победа оваа сезона. Париз после десетото коло има ист скор од 7/3 колку и второпласираниот Олимпијакос, но поради помалиот кош-количник се наоѓа на четвртото место на табелата.

Шортс беше на систенција до дабл-дабл, зад своето име запиша 24 поени и 9 асистенции, а Евролига го најави како еден од кандидатите за МВП признанието во раниот дел од сезоната во ова натпреварување.

После мечот како и секогаш беше скромен.

„Успеавме да ја најдеме нашата смиреност. Ова е тешко место за играње, на другата страна од теренот имавме многу добар тим со многу таленти, и горд сум на сите што се излегоа на теренот. 

Најдовме начин да го издржиме нивното трчање и да направиме сопствен притисок. Се чувствував како да сум во ритам, моите соиграчи имаа најголема доверба во мене, тренерите ми дозволија да бидам јас, и тоа е резултатот што ќе го добиете. Денеска беше добар ден за мене, но не бев само јас , туку целиот мој тим одигра одлично за да победиме на овој натпревар“, изјави Шортс, кој од меч во меч се наметна како еден од најдобрите кошаркари во Евролигата. 

Тој се најде на поширокиот список на Александар Јончевски за двомечот со Литванија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Но, дали ќе биде во конечниот е дискутабилно, бидејќи тука е Итан Хап, кој е исто така доста корисен под обрачите. Доколку не успее да се опорави на време, можеби Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс ќе ги видиме заедно на вториот дуел во Клаипеда.

ПретходноТајсон заврши со интервјуто, се сврте и го покажа задникот!
СледноКапитенот на Романија се огласи по скандалот: Во Приштина ни скандираа дека сме цигани! Не знам како да ги наречам!