Аморим тргна со работа во Манчестер Ј. и веднаш донесе пет нови тренери од Португалија

162

Рубен Аморим стартуваше со работа во Манчестер Јунајтед. 39-годишниот Португалец оваа недела ја започна работата како нов тренер на клубот, а сега добива дополнителна помош од страна.

Како што потврдија од клубот на Аморим му се приклучуваат пет нови тренери. Сите се од Португалијаи работеа со него во Спортинг. 29-годишниот Карлос Фернандеш ќе биде помошник тренер – токму како што беше и во Спортинг. Двајцата претходно исто така работеа заедно во Брага и Каза Пиа.

Хорхе Витал, со кој Аморим соработуваше во последните четири години во Спортинг, ќе биде новиот тренер на голманите на Јунајтед. Покрај тоа, клубот ги вработи Емануел Феро и Пауло Бареира како „тренер на првиот тим“ и кондициски тренер соодветно. Феро и Бареира исто така му се приклучуваат на Јунајтед од Спортинг. Аделио Кандидо ќе биде „тренер на првиот тим“, но вработувањето е условено со уредна работната виза.

ПретходноНа мечот со Холандија се онесвести еден од тренерите на Унгарија
СледноГаздата на Лион уверува: Ќе ги продадам акциите од Кристал Палас и ќе го спасам Лион