Барди: Сами се изборивме за овој статус и сега треба да уживаме во моментот

60

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 14:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра последниот меч од тековната Лига на Нации против селекцијата на Фарски Острови. Ние сме први во групата, тоа место ни е загарантирано но, заверка, „печат“ на истото секако дека ни е потребен и утре.

Капитенот Енис Барди иако не е целосно „фит“ има мали здравствени проблеми сепак, тука е кога е најпотребно. Тој смета дека ситуацијата во која што Македонија се најде во моментов, а тоа е лидерското место и обезбедена Б дивизија ни дава за право да се надеваме и на победа, и на 16 озвоени бодови и на многу повеќе.

„Не ни фали мотивација за да дадеме се од себе уште од прва минута. Доколку обезбедиме победа, ова ќе биде рекорд за нашиот национален тим. Да го финишираме овој циклус со победа, пред нашите гледачи. Нема поголема мотивација од тоа. 

Знаеме што не чека. Дека противникот ќе се брани и дека единствено и на тоа ќе размислува. Да се одбрани. Затоа ние треба да бидеме стрпливи, знаеме добро со кого играме. Треба да уживаме во овој момент, зато што го заслуживме. Се изборивме за да дојдеме до ова и треба сега тоа да го покажеме. Не се плашиме од никој и немаме намера да застанеме“ – изјави капитенот на Македонската фудбалска репрезентација Енис Барди.

ПретходноВардар 1961 убедлив против Струга во дебито на Милано
СледноВардар и Скопје одиграа без голови