Бањаја победи на спринтот, утре се решава шампионот во МОТО ГП

39

Франческо Бањаја славеше на спринт трката во Барселона и остана во игра за освојување на титулата во Мото ГП шампионатот и оваа година. Италијанецот освои 12 бода, додека лидерот во шампионатот Хорхе Мартин беше трет и стигна до седум бода. Пред главната трка во недела (14 ч.), разликата е 19 поени во корист на Мартин.

Сега е јасно дека Бањаја мора да победи доколку сака да има какви било шанси да остане шампион. Но и во случај тој да слави, доволно е Мартин да се пласира подобро од 9. место за да остане на врвот и да го направи најголемиот успех во кариерата.

Во спринтерската трка немаше многу борба. Бањаја поведе уште на стартот и без многу мака стигна до победа.

ПретходноОлгун се одјави од Шкупи, новите газди доаѓаат од Германија
СледноПрекин во Куманово: Навредливи скандирања и пиротехника на терен