Тајсон и Пол не воодушевија ама добро заработија!

30
Фото: Нетфликс/Твитер

Мајк Тајсон по 21 година пауза професионално влезе во рингот и загуби. Јутјуберот и боксер Џејк Пол (27) го победи со одлука на судиите по осум рунди.

Во текот на целиот меч Пол беше подобар, имаше неколку пати повеќе удари од Тајсон и јасно ја покажа разликата во годините меѓу двајцата боксери. Тајсон дури и добро се држеше во првите две рунди, но од третата рунда натака, беше очигледно дека му е сè потешко да го следи ритамот на борбата. Во седмата рунда повторно покажа дека можеби ќе може да го изненади Пол, но на крајот не дојде до тоа.

Иако конечната заработка од натпреварот нема да се знае дури по расчистувањето на Нетфликс (борбата се прикажуваше на таа платформа), и двајцата борци најавија колку пари треба да добијат. Така Пол ќе добие околу 40 милиони долари или двојно повеќе од Тајсон кој би требало да заработи 20 милиони долари.

Според Форбс, Тајсон во кариерата заработил околу 430 милиони долари. Најдоходовната борба ја имаше против Ленокс Луис, кога заработи над 103 милиони долари, а според Форбс уште четири пати во кариерата заработил повеќе од 20 милиони долари. Пол во кариерата се борел 11 пати (сооднос 10-1), а се проценува дека досега има заработено околу 15 милиони долари.

ПретходноШортс со МВП наградата во Евролигата (ВИДЕО)