„Лавовите“ подобри од Работнички на „Алумина“

125

Во пријателски дуел кој секако се одигра поради репрезентативната пауза која е во тек, тимот на Македонија ЃП го совлада Работнички со 0:2, во дуел кој се одигра на игралиштето на „Алумина“.

Во меч во кој секако шанса добија оние играчи кои во принцип немаат голема минутажа, своите шанси ги искористија гостите. Постигнаа два гола преку Абдула и Стоилов и забележаа триумф.

Меч кој секако дека добро ќе дојде за двата табора кои ја темпираат формата за финиш на есенскиот дел. Работнички за да остане при самиот врв на ПМФЛ табелата додека пак, Македонија ЃП да направи што е можно поголема бодовна предност во ВМФЛ шампионатот.

 

ПретходноВардар и Скопје одиграа без голови
СледноШортс со МВП наградата во Евролигата (ВИДЕО)