ЛН: Германија и нанесе историски пораз на Босна, Холандија ја прегази Унгарија (ВИДЕО)

99

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го претрпе историски најголемиот пораз во својата историја, откако вечерва на гостувањето кај Германија во Лигата на нации загуби со 7:0. Германците го запечатија првото место во групата „3“ од А-сегментот со головите на Клајндинст (2), Вирц (2), Мусиала, Хаверц и Сане.

Холандија, пак, на домашен терен со 4:0 ја совлада селекцијата на Унгарија и успеа да се зацврсти на второто место на табелата во оваа група, со три бода предност пред Унгарците. Головите за „лалињата“ беа дело на Вегхорс, Гакпо (пенал), Дамфрис и Копмајнерс.

Во рамките на Б-сегментот, Албанија и Чешка одиграа без голови 0:0. Ремито повеќе им одговараше на гостите кои се први на табелата со 8 бода, пред Албанија и Грузија кои имаат по 7.

Во решавачкиот меч за првото место во групата „1“ во Ц-сегментот, Шведска ја совлада Словачка со 2:1. Ова беше четврта победа за Швеѓаните кои на коло пред крајот има предност од три бода пред Словачка. Ѓокерес и Исак беа стрелци за Шведска, а голот за Словаците го постигна Ханчко.

ПретходноКунде: Луѓето сакаат да видат како се облекувам (ВИДЕО)