Натпреварот од 5-тото коло во Лигата на Нациите помеѓу Холандија и Унгарија беше прекинат поради тоа што се онесвести еден член на стручниот штаб на Унгарија.
Фудбалерите на двете репрезентации формираа „жив ѕид“ околу тренерот со цел лекарската екипа да може да му ја пружи потребната помош. Неколку фудбалери меѓу кои и капитенот на Унгарија, Доминик Собослај беа шокирани од глетката и дури заплакаа.
Натпреварот продолжи откако на тренерот му беше пружена потребната помош.
Jogo paralisado entre Netherlands e Hungary. Alguém da comissão técnica está recebendo primeiros socorros. pic.twitter.com/t8rL9ui5q4
— Romena Fogliati (@RomenaFogliati) November 16, 2024