На утрешниот меч против Фарските Острови, Македонија ќе настапи без Елиф Елмас. Играчот на Ред Бул Лајпциг се повреди на мечот против Летонија и нема да биде во комбинација.
Тоа го потврди и селекторот на пресот пред утрешниот меч.
„Сите останати се во комбинација за утрешниот меч, освен Елиф Елмас. Како што веќе знаете тој се повреди на дуелот против Летонија и нема да биде во можност да настапи“ – изјави селекторот.
На овој дуел голманот Столе Димитриевски ќе проба да ја продолжи сезијата на мечеви без примен гол, која што во моментов е застаната на четири дуели.