Се обложи на Тајсон и загуби 335.000 евра

134
Фото: Нетфликс/Твитер

Познатиот рапер Дрејк се обложил на победа на Мајк Тајсон (58) на синоќешниот меч со Џејк Пол (27) и загуби 335.000 евра.

И покрај тоа што Мајк Тајсон не боксуваше професионално 19 години, а Џејк Пол е 31 година помлад, Дрејк не се двоумел да обложи на огромна сума. Раперот ставил 355.000 долари (околу 335.000 евра) за победа на Тајсон и ливчето го објави на Интернет. Доколку Мајк го победеше Џејк, Дрејк би освоил 1.011.750 долари, што би било профит од над 650.000 долари.

Пол доминираше во пресметката и без напор го доби дуелот со Тајсон со едногласна одлука.

ПретходноМКК Куманово во испразнета сала до победа над Феникс, Работнички славеше во Кавадарци
СледноНа мечот со Холандија се онесвести еден од тренерите на Унгарија