Една од иконите на Тотенхем во последната деценија, Кореецот Хеунг-Мин Сон ќе го продолжи договорот со лондончани.
Договорот на јужнокорејскиот фудбалер со лондонскиот клуб беше со важност до крајот на оваа сезона, а според информациите Спарс ќе ја активираат опција која автоматски ќе го продолжи на уште една година.
Самиот напаѓач сака да остане во својот сегашен тим и веднаш прифатил ново обновување на соработката. Во тековната сезона во Премиер лигата, Сон одигра 8 натпревари, на кои постигна 3 гола и 3 асистенции.