Ракометарките на Чаир остварија победа од 29:25 во првиот од двата меча против португалскиот состав Колеџио Де Гаја во рамките на 1/16-финалерто во Евро Купот.
На денешниот меч во Автокоманда на кој Чаир ја имаше улогата на гостин, Португалките понудија добар ракомет, но Чаир успеа со одлична игра во вториот дел да дојде до победа. Португалките има предност на крајот на полувремето со 16:15, што ги примора нашите ракометарки да ја засилат играта во дефанзивата и во вториот дел да им дозволат на противничките да постигнат само 9 гола.
Чаир на почетокот на вториот дел откако израмни направи серија и од 5:0, која се чини беше пресудна за натамошниот тек на дуелот. До крајот благодарение на одличната Гуличоска која го решеташе противичкиот гол (13 гола) успеа да дојде до победата.
Реванш мечот се игра утре во „Автокоманда“ од 16 часот.