Михаел Шифрин е победник на првата слаломска трка во рамките од Светскиот куп сезонава. Таа во финскиот Леви, по тешки снежни и магловити услови успеа да слави и да ја обезбеди првата победа со конечен резултат од 1:47.20 со што дојде до 98. триумф во кариерата.
Катерина Линсбергер од Австрија заврши како втора со речиси 80 стотинки заостанување, додека на трето место се најде Лена Дир од Германија.
За потсетување деби во Светскиот куп на оваа трка имаше нашата Јана Атанасовска која за жал не ја заврши трката.