Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Ова го откри специјалистот за трансфер, новинарот Фабрицио Романо.
„Не е точно дека сме постигнале договор со Реал Мадрид. Алфонсо има многу опции, но се уште не сме се договориле со ниту еден клуб. Релевантна е и опцијата за останување во Баерн“, е изјавата на менаџерот на Давид за Фрабрицио.
Во исто време, Марка напиша дека Дејвис поставил голем број услови за да се пресели на Сантијаго Бернабеу, но е уверен дека тие ќе бидат исполнети. Поради оваа причина, канадскиот интернационалец ги одби понудите на Барселона и Манчестер Јунајтед.
Дејвис има договор со Баерн до летото 2025 година и речиси сигурно ќе стане слободен играч, откако досега во неколку наврати одби да потпише нова соработка.