Македонската фудбалска репрезентација ги прави последните подготовки за мечот со Фарски Острови, кој се утре игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 15 часот.
„Црвено-жолтите“ за првпат во својата историја успеаја да запишат четири победи во низа, а утрешниот триумф ќе биде круна на овој циклус.
Желбата на сите е – полни трибини на утрешниот меч против единствениот тим кој успеа да им земе бод. А кога сме кај фановите, дел од најмладите денеска ја искористија својата шанса да добијат автограм од капитенот, Енис Барди.