Клакштајн: Македонија е заслужено прва, Барди е сериозна класа на играч

185

Фудбалската репрезентација на Фарски Острови автоматски по нашата, ја одржа официјалната прес конференција пред утрешниот дуел, последен од тековната Лига на Нации против Македонија на Арената Тодор Проески. Мечот стартува од 14 00 часот, Македонија како добар домаќин и овозможи на гостинската репрезентација да го има тренингот во терминот на самиот меч.

Гостите секако дојдени по нов добар резултат, секако надокнадување на оној против Македонија на нивен терен. Тогаш одигравме 1:1, на стартот, во првото коло, а сега Фарски Острови во Македонија доаѓа по нов подвиг. Селекција која никако не смееме да ја потцениме, напротив, имаме многу што да докажеме и покажеме против нив.

Еудун Клакштајн: Честитки за Македонија, а ние сакаме да ја искористиме нашата шансо

„Прво и основно сакавме да ја остваривме првата победа во оваа кампања и добро е што го направивме тоа во Ерменија. Добро е што го осигуравме тоа место во групата, а сега ќе видиме. Целта на поебдата беше да останеме во Ц групата и следната сезона, и тоа е завршено. Мечот против Ерменија беше тежок но тој е зад нас, и ќе видиме што може да извлечеме сега од тимот. Поминати се само два и пол дена од тогаш. Ќе видиме. Имаме некои повредени играчи, заморени. Вечерва ќе видиме до крајот на денот„ – изјави селекторот на Фарски Острови па додаде.

Барди е сериозна класа

„Добро е да се биде во Македонија и да се игра против Македонија. Честитки за Македонија за освоеното прво место. Тоа е добар тим. Тактички сериозно поткован. Со добри поединци. Ние играме доста затворено, цврсто во одрбана. Македонија е сосема спротивното. Разликата меѓу нас и Македонија е во иднивидуалниот квалитет. Барди на пример. Класа од играч. Тоа не е случајно, таквите играчи. Тоа е чист квалитет. Ние играме за да се пласираме во Б дивизијата и се надевам дека ќе ја искористиме оваа шанса“ – додаде искусниот стратег па поентираше.

„Главната разлика помеѓу нас и Македонија е што овој тим ги искористи своите шанси на мечевите. Ние не. Како и останатите противници. Тоа е разликата. Македонија ги искористи своите шанси. Тука доаѓа до израз квалитетот. Ние не го правевме тоа„ – рече Еудун Клакштајн.

ПретходноЅвездата на Баерн нема никаков договор со Реал
СледноШифрин издоминира во Леви