Дуелот меѓу МКК Куманово и Феникс 2010 вечерва донесе од се по нешто. Прекин, неизвесност во три четвртини и одлични последни 10 минути за домашните кои ја запишаа третата победа сезонава – 73:66.
Мечот во финишот на првото полувреме беше прекинат поради навредливо скандирање и пиротехника на теренот. Подоцна продолжи и донесе комплетна неизвесност се до порвите минути на последниот период. Куманово направи предност од 8 поени (65:57) и полека го трасираше патот кон победа.
Тадиќ постигна 20, а Луковиќ 17 поени во победата на кумановци, додека кај Феникс 2010, Митевски и Тимоти имаа по 13 поени.
Работнички успеа да им се врати на победите по последниот лигашки пораз од ТФТ. Денеска на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, момците на тренерот Самарџиев славеа со 81:85 и ја запишаа петтата сезонска победа во првата лига.
Мечот помина во комплетна неизвесност и израмнета игра до последната минута, кога при водство на Работнички од 79:82, Грин имаше шанса да го однесе мечот во продолжение, но не погоди за три поени, па победата ја потврди Дубински за конечни 85:81.
Полутак со 20 поени ги предводеше гостите, додека кај Тиквеш, Грин постигна 17 поени.