На една минута и 41 секунда до крајот на првото полувреме, во Куманово прекин на мечот меѓу Куманово и Феникс 2010. Мечот почна пред полни трибини, но очигледно со голем набој на трибините и скандирања на навивачите поради кои официјалниот спикер неколкупати предупреди со можен прекин на мечот.
Во самата завршница на втората четвртина при резултат 35:33 за Куманово, кон теренот летнаа петарди и други пиротехнички средства по што двете екипи се повлекоа во соблекувалните. Останува веројатно да се испразни салата, па мечот да продолжи.