Италија утре ја очекува дуел со селекцијата на Франција, меч кој секако е најквалитетниот во ова коло од Лигата на Нациите и нормално е да е во фокусот на јавноста. Селекторот Спалети предупредува на претпазливост и на учење од грешките кои Италија ги направи во минатото. „Азурите“ имаат неколку неуспешни големи турнири зад себе, а сега се на праг да ја поправи таа ситуација.
Италија води во групата 2 со три бода предност пред Франција, но и двете селекции веќе обезбедија пласман во четвртфиналето.
„Мислам дека единствениот натпревар каде што навистина погрешивме беше против Швајцарија. Ние го користиме како почетна точка. Се чувствувам одговорен за тој неуспех бидејќи пробавме нешто поинаку. Никој не може да ме натера да го заборавам тој пораз и дека не успеавме да се пласираме на Светското првенство. Мораме да ги паметиме неуспесите за да знаеме дека ако не пристапиме како што треба, секогаш може да добиеме шлаканица“, рече Спалети.
🗣️"Contro la Francia ci sarà da fare uno sforzo superiore"
🎙️ Le parole del ct Luciano #Spalletti alla vigilia del match contro i Blues che vale il primo posto nel girone di #NationsLeague#ItaliaFrancia #Nazionale #Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/eW6tZJJfSV
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) November 16, 2024