Кога станува збор за тимот на Манчестер Јунајтед станува јасно дека политиката на клубот, пред се онаа за трансфери ни оддалеку не може да се оцени како позитивна особено од 2015 наваму.
Прецизната статистика вели дека на Олд Трафорд од тогаш наваму кога станува збор за трансферите, класичен влез – излез во клубот, Јунајтед е во „минус“ цели 1.3 милијарди евра.
Се она што беше доведено како засилување во голема мера се покажа како промашување, па затоа и Манчестер Јунајтед смени толку многу тренери.
Само како информација, 200 милиони евра се исплатени на име на трансфери само на тимот на Ајакс, од каде што пристигнаа неколку играчи. Ентони беше најскапиот со цена од 95 милиони, а тој не само што е вишок во моментов туку клубот не знае што да прави со него. Агентот на бразилецот токму денеска преку медиумите изјави дека Ентони нема никаква намера да го напушти Олд Трафорд, и покрај очајната минутажа и улогата на анонимус во моменталниот состав.
Челзи е тука некаде
На второто место во рангирањето за овој период е Челзи по огромните суми дадени по доаѓањето на Тод Боели во клубот. За лондончани разликата во приходите и расходите од трансфери е 1.2 милијарди евра. Сепак, сините постигнаа напредок оваа сезона и некои од младите играчи кои пристигнаа во клубот може да се покажат како добра инвестиција.
ПСЖ со нешто под милијарда евра во минус е на третата позиција, а и покрај толкуте пари потрошени трофејот во лигата на шампионите остана само сон.