Македонската репрезентација за неполн час на Арената Тодор Проески ќе го одигра последниот меч од актуелната Лига на Нации.
Противник е селекцијата на Фарски Острови, а ние имаме императив на победа, за да ставиме „печат“ на лидерската позиција.
Во атак на нова победа тргнуваме со неколку измени од мечот со Летонија. На местото на Елиф Елмас во игра е Јани Атанасов во средниот ред, а на местото на Бојан Димоски во игра е дебитантот Бојан Илиевски.
Останатите се стандардните. На голот Димитриевски, стоперски двоец Серафимов и Зајков, лево е Алиоски.Исник Алими како последен играч за врска, Александар Трајковски, Дарко Чурлинов, капитенот Енис Барди и Бојан Миовски во нападот.