ЖРК Чаир завери 1/8 финале, три гола на Ристовска во поразот од Ѓер

105

Екипата на ЖРК Чаир успеа да се пласира во осминафиналето на Европскиот Куп, откако и на вториот меч против Колехио Де Гаиа победи, овој пат со 28-26. Првиот меч кој се одигра вчера заврши со триумф на македонската екипа од 29-25.

Местото меѓу најдобрите 16 екипи во ова натпреварување е нов историски подвиг за тимот од чаир.

Ѓорѓиевска со десет гола беше прв стрелец во редовите на победничкиот тим, зад неа беше Дукоска со седум погодоци.

Сара Ристовска и нејзиниот Рапид Букурешт на домашен терен беа совладани од Ѓер со 25-28 во меч од Лигата на шампиони. Македонската ракометарка мечот го заврши со три победи во исто толку обиди.

Рапид е последен во својата група во ЛШ со три бода, додека пак Ѓер е лидер.

ПретходноСензационално враќање на „Олд Трафорд“: Аморим ја враќа отпишаната легенда во живот?
СледноПобеда за Ивановски во неизвесен меч на стартот во квалификациите во Роверето