Изненадување во Битола: Шкупи славеше кај вицешампионот

115

Уште едно изненадување се случи во рамките на 7. коло во домашниот кошаркарски шампионат. Сосема неочекувано, вицешампионот Пелистер го претрпе вториот пораз сезонава, прв на домашен терен, и тоа на мечот со Шкупи. Гостите одиграа еден одличен меч и во текот на сите 40 минути беа рамноправен, па и подобар противник на паркетот во Битола.

Пелистер не успеа да се соземе и на крајот гостите ја однесоа победата од 86-90.

Арчи со 26 и Стојановски со 23 поени беа најдобри реализатори во составот на Шкупи, додека кај Пелистер зад името на Ентони беа запишани 26 поени. Со оваа победа Шкупи дојде до третата сезонска победа за пласман во ТОП 8.

ПретходноЧаир со тројка дојде до продолженија, па му нанесе прв пораз на ТФТ
СледноЛидерската тројка не попушта