Се повеќе станува јасно дека новата голема зделка на тимот на Динамо Загреб кој е познат по милионските трансфери се вика Мартин Батурина. Офанзивецот кој има само 21. година тешко дека ќе заигра уште една сезона на Максимир затоа што понудите за него се редат како на филмска лента.
Најново на темата „Батурина“ е што тимот на Манчестер Јунајтед во обидот да се возобнови односно да направи ноа генерација, посегнува токму по креативецот на Динамо. За него „Модрите“ сигурно нема да прифатат помалку од 25 милиони евра што секако за Јунајтед е ништо во споредба со она што клубот од Олд Трафорд го трошеше годиниве на засилувања.
Батурина многумина го гледаат како новиот Модриќ или Ковачиќ, момци кои направија огромни кариери, а тргнаа токму од Динамо.
Од Јунајтед пак на новиот тренер Рубен Аморим ќе му дозволат да доведе кого сака, а очигледно дека еден од првите ќе биде Батурина. До сега Јунајтед беше сконцентриран на пазарот во Холандија и Скандинавија, од каде што донесе неколку играчи, а со нив очигледно промаши. Можеби на Балканот ќе му се посреќи, па за „ситни“ пари во Батурина ќе добие екстра класа играч за многу години.