Милевски: Ристовски сам одлучи да не игра за репрезентацијата, јас имам огромна почит спрема него

1226

Како ретко кога прес конференцијата на селекторот на Македонија, Благоја Милевски траеше повеќе од половина час. Јавноста ја интересираа многу нешта, а едно од прашањата се однесуваше на статусот на Стефан Ристовски. Капитенот на Динамо Загреб и сега веќе екс капитенот на Македонија јавно кажа дека нема да настапува за националниот тим додека селектор е Благоја Милевски.

„Сите знаеме чива е одлуката на Стефан Ристовски да не игра за репрезентација. Ристовски го почитувам максимално, се околу него. И неговата кариера и како личност. Неговата одлука беше таа и мора да се почитува. Толку. Прашањето дали ќе игра за Македонија не треба да биде наменето за мене“, рече селекторот.

ПретходноМилевски: Овие момци се хероји и нема зборови со кои би ги опишал
Следно„Пет од пет“ за фотка број еден: Македонија без пораз во Б Дивизија!