Мундо Депортиво: Араухо ќе остане во Барселона

80

Роналд Араухо нема намера да ја менува Барсеона за некој друг клуб. Денешниот број на Мундо Депортиво открива дека преговорите на уругваецот и клубот се во тек и тој со сигурност ќе потпише нов повеќегодишен дил со тимот од Ноу Камп.

Уругваецот е дел од Барселона од 2018 година, и долго време е незаменлив. Сезонава Барселона игра на едно сосема друго ниво, квалитативно, и резултатите се тука. Затоа управата ќе инсистира на задржување на костурот на тимот во кој главна алка е токму Араухо.

Тој активно игра улога на стоперската позиција но и по потреба на позиција десен бек.

ПретходноАјакс има ново лого
СледноНејмар не го сака никој… Палмеирас: Па ние не сме болница да прибираме секого