Пирова победа на Бањаја, Мартин е нов првак во Мото ГП

26
Фото: МОТО ГП/Твитер

Хорхе Мартин стана нов шампион во категоријата Мото ГП, иако денеска неговиот ривал Пеко Бањаја славеше во трката за Големата награда на Барселона, но на крајот Шпанецот ја задржа доволната предност и стана шампион на својата кариера во кралската категорија за прв пат.

Мартин во последната трка сезонава влезе со 19 поени предност пред Бањаја, а уште од самиот старт беше јасно колку внимателно вози Шпанецот и дека не сака да ризикува ништо премногу. На крајот го освои третото место станувајќи вкупно 3. првак во „кралската категорија“.Место на подиумот зазеде и Марк Маркез кој денеска беше втор.

Иако Пеко оваа сезона постигна 11 победи на главните трки наспроти трите на Мартин, на крајот решија бодовите што ги освои Шпанецот во спринтерските трки.

ПретходноЏабе прво место, џабе победи, џабе Б дивизија….повторно празни трибини
СледноФлик е директен, фудбалер на Барса во јануари ги пакува куферите