Роналдо Назарио има генијален план како да ја подигне бразилската репрезентација

158

Поранешниот светски шампион со Бразил, Роналдо Назарио има генијален план за издигнување на бразилската репрезентација пред претстојното светско првенство во 2026. година.

Имено Роналдо сака да стане прв човек на Бразилската фудбалска федерација и да го назначи Пеп Гвардиола за иден селектор на „кариоките“. Шпанскиот тренер досега не го изнел своето размислување за овој проект иако е веќе подолго време свесен за неговото постоење. Доколку Пеп се одлучи да ја заврши својата авантура на клупата на Манчестер Сити, Роналдо ќе направи се од себе да го назначи за нов предводник на најуспешната фудбалска репрезентација во историјата.

Во досегашните квалификации за светскиот шампионат Бразил под водство на Доривал Жуниор не бележи добри резултати и се наоѓа на 4-тото место на табелата со 17 освоени бода, дури 5 помалку од првопласираната Аргентина.

ПретходноЛидерската тројка не попушта
СледноНејмар е пред сензационално враќање во Сантос