Сензационално враќање на „Олд Трафорд“: Аморим ја враќа отпишаната легенда во живот?

2263

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим е подготвен да го врати во клубот францускиот фудбалер Пол Погба. 39-годишниот го смета Погба за играч кој може да донесе доминација и е подготвен да го потпише на шестмесечен договор.

Пол Погба моментално е надвор од терените поради пад на допинг тестот. Тој треба да се врати на терените на почетокот на март следната година како играч на Манчестер Јунајтед.

31-годишниот Французин е омилен играч на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим.

„Фудбалерот кој би сакал да го тренирам е Пол Погба. Моето мислење е дека има се што му треба на еден фудбалер и совршено би се вклопил во мојот систем. Тој е мешавина од Зидан и Рој Кин и е способен да ги контролира натпреварите“, изјави Аморим.

Лесно може да се случи Погба да се врати во Јунајтед. Тој во наредниот период ќе тренира во тренинг центарот на „црвените ѓаволи“. Наводно, Аморим сака да му понуди шестмесечен договор за да ги види неговите моментални можности.

“Рубен Аморим е отворен за соработка со Погба. Тој е подготвен да му понуди шестмесечен договор за да види дали е подготвен да се прилагоди на неговата филозофија. Тој е убеден дека може да има значително влијание врз неговиот тим”, изјави Англиски медиуми.

ПретходноМиовски по голот: Чувството е прекрасно! Се надевам дека и во иднина ќе ја направиме Македонија горда!
СледноЖРК Чаир завери 1/8 финале, три гола на Ристовска во поразот од Ѓер