Столе Димитриевски влезе во репрезентативната историја – 531 минута без примен гол!

546

Столе Димитриевски влезе во репрезентативната историја на фудбалска Македонија. И после петтиот меч мрежата на нашиот чувар мируваше. Димитриевски не само што го подобри својот рекорд, туку стана првиот репрезентативен голман кој дошол до 531 минута без промен гол во својата мрежа.

Оваа неверојатна серија доаѓа токму од првиот дуел против Фарски Острови кога во деветата минута прими гол, а од овој меч навака, токму повторно до пресметката со „фараните“ остана перфектен.

Овој подвиг е крунисан на најдобар можен начин – победнички со 1-0. Покрај ова Македонија со пет победи во низа и само едно реми, како првопласирана го завршува овој циклус и стави печат на пласманот во Б Дивизија.

ПретходноМакедонија знае само за победи (ВИДЕО)
СледноМиовски по голот: Чувството е прекрасно! Се надевам дека и во иднина ќе ја направиме Македонија горда!