Истата слика на Арената Тодор Проески и на денешниот дуел на репрезентацијата на Македонија, последен од оваа Лига Нации. Денеска против Фарски Острови го заверуваме лидерското место, ставаме печат на серијата добри резултати посакуваме петта победа по ред.
Ама повторно пред празни трибини. На трибините на Арената нема повеќе од 3000 гледачи. И тоа поголемиот број со гратис билети. Зошто? На тоа никој не може очигледно да даде одговор. Ајде кога не победувавме и да биде за очекување ваква посета, ама сега? Кога сме на праг на Б дивизијата и обезбедување на екстра дуели со силни репрезентации. Не разбирливо.