Синоќа репрезентацијата на Босна и Херцеговина го доживеа најголемиот пораз во еден европски дуел од официјален карактер. Загуби во рамките од Лигата на Нациите од Германија на нејзин терен со 7:0. Тоталната доминација на „Панцирите“ е и сликовито прикажана во резултатот кој одекна како бомба во јавноста во БИХ.
Таму се бара одговорност, објаснување што се случи па дури и оставка. И тоа од селекторот Сергеј Барбарез од кого се очекуваше многу, пред се како екс капитен на Босанците да донесе дисцилпина што очигледно ја нема.
Па така, на прашањето што се случи и дали тој размислува на оставка конечно, селекторот на Босна видно изнервиран возврати.
„Ти ова сериозно ме прашуваш? Дали би си дал оставка? Кога би бил спортиста, не би размислувал на такви глупости. Затоа и сме таму каде што сме, затоа што екипите ги нарекуваме аматери“ – рече Барбарез како одговор на новинарското прашање дека единствена победа во последно време на Босна е онаа против Лихтенштајн.