ВОНРЕДНА ВЕСТ: Сејдини поднесе оставка, Собрание на ФФМ за крунисување на Омерагиќ на 22 декември!

2441

Само неколку часа по победата над Фарските острови, УО на ФФМ одржа седница на ова тело на федерацијата. На истата оставката од функцијата претседател на ФФМ поднесе Муамед Сејдини. Ова е кулминација на повеќемесечните несогласувања и тензии во “куќата на фудбалот” и очекуван епилог откако 10 члена на УО на ФФМ со потписи побараа итна седница за решавање на проблемите. Тоа е апсолутно мнозинство по кое Сејдини се одлучи да се повлече од функцијата на неколку месеци пред истекот на неговиот мандат.

УО закажа и Собрание на ФФМ со термин 22 декември на која ќе биде изгласан и новиот претседател на ФФМ.

Според најавите и според сите размислувањето на поголемиот дел од фудбалските работници, клубиви и легенди – Масар Омерагиќ е човекот кој ја има поддршката за оваа функција.

Седницата на УО заврши предмалку а истата почна од 18:30 часот во просториите на ФФМ. Барем засега ова е најважната одлука од состанокот а за детали и официјална потврда се очекува да се огласи прес службата на федерацијата.

ПретходноИзвршниот директор на ФИБА Европа гостин во Скопје за мечот со Литванија!
СледноСтрумица го запре Борец и се врати на лидерското место