Екипата на ЖРК Чаир успеа да се пласира во осминафиналето на Европскиот Куп, откако и на вториот меч против Колехио Де Гаиа победи, овој пат со 28-26. Првиот меч кој се одигра вчера заврши со триумф на македонската екипа од 29-25.
Местото меѓу најдобрите 16 екипи во ова натпреварување е нов историски подвиг за тимот од чаир.
Ѓорѓиевска со десет гола беше прв стрелец во редовите на победничкиот тим, зад неа беше Дукоска со седум погодоци.
Сара Ристовска и нејзиниот Рапид Букурешт на домашен терен беа совладани од Ѓер со 25-28 во меч од Лигата на шампиони. Македонската ракометарка мечот го заврши со три победи во исто толку обиди.
Рапид е последен во својата група во ЛШ со три бода, додека пак Ѓер е лидер.