Извршниот директор на ФИБА Европа гостин во Скопје за мечот со Литванија!

63

Кошаркарската федерација во краток временски период успеа да донесе светски познати лидери во овој спорт и да ја отвори вратата кон нови соработки. Летово дојде претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, а додека потоа во посета беше и генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис.

Следен гостин на претседателот, Перо Антиќ е извршниот директор на ФИБА Европа Камил Новак, кој до 2015 година беше генерален секретар на ФИБА Европа. Тој ќе го гледа и квалификацискиот меч за ЕП 2025 година меѓу Македонија и Литванија закажан за четврток во СРЦ „Кале“.

Соработката на високо ниво донесе голема инвестиција во кошарката, за првпат едно раководство на македонската кошаркарска федерација од ФИБА доби подлога за СРЦ „Кале“ која вреди над 200.000 евра. Македонија е една од двете земји во светот кои ја добиваат оваа донација од ФИБА.

ПретходноДрамата во Гостивар за Кожув
СледноВОНРЕДНА ВЕСТ: Сејдини поднесе оставка, Собрание на ФФМ за крунисување на Омерагиќ на 22 декември!